Кох од ориз
Во сад на оган ставаме пола литар млеко и пола литар вода.
Додаваме путер и оставаме да зоврие.
Додаваме претходно измиен и исчистен ориз.
Повремено промешуваме да се свари.
Варениот ориз го тргнуваме на страна.
Во друг сад ги делиме белките од жолчките.
На жолчките им додаваме 3 лажици шеќер и ги матиме додека не се растопи шеќерот.
Рендаме кора од лимон по желба.
Ги додаваме матените жолчки веднаш во оризот.
Мешаме додека не се соедини смесата.
Постапката се повторува и со белките.
Додаваме три лажици шеќер и матиме да добиеме густа пена.
Пената ја додаваме во садот кај оризот и се заедно промешуваме добро.
Оваа смеса ја префрламе во намастен плех и печеме на температура од 150 околу 30 минути.
Додека се пече ова, остатокот шеќер го ставаме во сад на оган да се карамелизира.
Мешаме убаво да стане кафенкаст, а потоа кога е испржен го додаваме остатокот од млекото.
Вариме додека се растопи карамелот, а потоа го тргаме на страна да истине. Печениот кох, подистинува и го сечеме на поголеми коцки.
Го полеваме со истинатото млеко со карамел.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови