Утрово мојата комшивка тетка Розалија ме почести со штотуку набрана лобода.
Не можев да и одолеам и веднаш да не ја употребам.
Направив корички со фил од лобода.
Прекрасен доручек со чаша јогурт.

Најпрво за кашичката ставете ги сите состојки во вангличка за да почне квасецот да дејствува.
Потоа на малку масло пропржете ја исецканата лобода за да омекне.
Се трга од оган, се додава дробеното сирење, солта и јајцата.
Убаво се промешува.
Се зема една коричка, со четка се премачкува со кашичката, на крајот се става од филот и се витка како полжавче.
Така се постапува со целиот материјал.
Со остатокот од кашичката по малку се премачкуваат сите полжавчиња, се наросуваат со сусам и се печат да заруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани