Мојата комшивка ми даде прекрасна млада лобода од дворот, па направив неколку вкусни, здрави јадења. Еве предлог за еден од нив.
Може да биде како самостоен посен ручек или како прилог со печено месо, риба...

Прво на загреано масло се пропржува кромидот, се додава морковот, па оризот, зачините.
Се промешува и се додава сецканата лобода.
Се запржува уште 2-3 минути, се додека лободата не омекне.
( За разлика од спанаќот , лободата не испушта вода)
Потоа се налива со вода и се остава во релна да крчка се додека не испари течноста.
Одлично оди со кисело млеко или со таратур салата.
(Сразмерот на вода и ориз треба да биде 1 спрема 3)
Пријатен апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани