Испечати

Прилог од лобода и ориз (посен ручек)

Прилог од  лобода и ориз (посен ручек)

Состојки

  • 1 главица сецкан кромид
  • 1 сецкан морков
  • 300-400 гр измиена, сецкана лобода
  • 1 среден филџан ориз
  • 3 средни филџани вода
  • 50 мл масло
  • сол, бибер, зачин

Подготовка

Мојата комшивка ми даде прекрасна млада лобода од дворот, па направив неколку вкусни, здрави јадења. Еве предлог за еден од нив.
Може да биде како самостоен посен ручек или како прилог со печено месо, риба...

Прво на загреано масло се пропржува кромидот, се додава морковот, па оризот, зачините.
Се промешува и се додава сецканата лобода.
Се запржува уште 2-3 минути, се додека лободата не омекне.
( За разлика од спанаќот , лободата не испушта вода)
Потоа се налива со вода и се остава во релна да крчка се додека не испари течноста.
Одлично оди со кисело млеко или со таратур салата.
(Сразмерот на вода и ориз треба да биде 1 спрема 3)
Пријатен апетит.