Корички со фил од лобода, сирење и јајца
Состојки
- 500 гр готови кори
- за фил
- 500 -600 гр исчистени листови лобода
- 150 гр сирење
- 2 јајца
- 1 лажиче сол
- кашичка за премачкување
- 400 мл кисела вода
- 100 мл јогурт
- 200 мл масло
- 1 квасец
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер
- 12 лажици брашно
Подготовка
Утрово мојата комшивка тетка Розалија ме почести со штотуку набрана лобода.
Не можев да и одолеам и веднаш да не ја употребам.
Направив корички со фил од лобода.
Прекрасен доручек со чаша јогурт.
Најпрво за кашичката ставете ги сите состојки во вангличка за да почне квасецот да дејствува.
Потоа на малку масло пропржете ја исецканата лобода за да омекне.
Се трга од оган, се додава дробеното сирење, солта и јајцата.
Убаво се промешува.
Се зема една коричка, со четка се премачкува со кашичката, на крајот се става од филот и се витка како полжавче.
Така се постапува со целиот материјал.
Со остатокот од кашичката по малку се премачкуваат сите полжавчиња, се наросуваат со сусам и се печат да заруменат.