26
јун
2014
Копанчиња со пипер, жалфија и рузмарин
Копанчињата ги миеме убаво и ги оставаме настрана. Во поголем сад ги мешаме зејтинот, виното, исцедениот лимон, исецкан рузмарин и жалфија. Копанчињата ги посолуваме, ставаме зачин и ги ставаме да постојат некое време во маринадата. Откако ќе впијат од маринадата ги ставаме во тава за печење и со рака ги посолуваме со црвен пипер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови