Жалфија
Хранливи вредности на жалфија:
Жалфијата е билка со силен вкус и една од најпопуларните билки што се одгледуваат во саксии уште од времето на древната римска империја. Оваа легендарна билка со многу позитивни карактеристики, долго време се смета како супер билка. Се користи во европската и кинеската традиционална медицина, поради нејзините превентивни и лековити својства.
Жалфијата е зимзелена, повеќегодишна грмушка, која ја има низ целиот медитерански регион и во Југоисточна Европа (Балканот). Ботанички, ова растение припаѓа во фамилијата Lamiaceae, од родот Salvia. Научното име на жалфијата е Salvina officinalis.
Растението успева на добро дренажирана алкална почва, на места кои добиваат големи количини сончева светлина во текот на годината. Се извишува до 75 сантиметри и има дрвенести, разгранети стебленца. Ароматичните листови се сивкасто-зелени, меки и со зрнеста текстура и имаат ситни прашници кои наликуваат на мали влакненца. Во лето дава виолетово-сини цветови во снопови.
Се одгледуваат неколку сорти жалфија, за медицински или кулинарски намени:
- Заоблена жалфија (S. fruiticosa or S. triloba): Голема повеќегодишна грмушка со заоблени листови, која се одгледува во медитеранските земји, за правење на популарниот чај од жалфија.
- Ананасна жалфија (S. rutilans): Свежите листови се користат за засладување на десерти и пијалаци.
- Мускатна жалфија (S. sclarea): Листовите со силна арома обично се користат за приготвување течност за гаргара и парфеми.
- Азурна жалфија (S. azurea): Ова растение е големо, има сини цветови и се користи во Мексико како повеќенаменски лек.
- Жалфијата содржи голем број растителни хемикалии, есенцијални масла, витамини и минерали, кои играат значајна улога во спречувањето на развојот на болестите и одржувањето на доброто здравје.
- Примарната биолошки активна супстанца во обичната жалфија е есенцијалното масло, кое содржи главно алфа-кетон и бета туjон. Дополнително, листовите од жалфија содржат бројни други супстанци, вклучително и: цинеол, борнеол, танична киселина, горчливи супстанци со корнсол и корнсолна киселина, фумар, хлороген, кофеинска и никотинска киселина, никотинамид, флавони, флавон-гликосиди и естрогенски супстанци. За овие супстанци е познато дека имаат: антивоспалителни, антиалергиски, антигабични и антисептички својства, а помагаат и при намалување на иритацијата на кожата.
- Тујонот е рецепторен антагонист на ГАБА и серотонин (5-HT3). Ги подобрува: концентрацијата, вниманието и работата на сетилата. Поради тоа, чајот од жалфија од дамнешни времиња се смета за храна за мозокот. Овој чај помага и во справувањето со тага и депресија.
- Заоблената жалфија содржи флавон наречен салвигенин. Научните истражувања покажаа дека тој има ефект на опуштање на крвните садови, кој е корисен при третманот на кардиоваскуларните заболувања.
- Оваа билка е исклучително богат извор на витамините од Б-комплексот, како што се: фолна киселина, тиамин, пиридоксин и рибофлавин. Дел од овие витамини неколкупати ги надминуваат дневно препорачаните дози.
- Билката содржи добра количина од витаминот А и бета-каротин. Во 100 грама сушена билка има 5.900 интернационални единици или 196 проценти од препорачаната дневна доза. Витаминот А е моќен природен антиоксиданс е клучен за добриот вид. Исто така е потребен за одржување на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна природно богата со витамин А му помага на телото во заштитата од рак на белите дробови и усната празнина.
- Свежите листови од жалфија е добар извор на антиоксидантскиот витамин, витамин Ц. Витаминот Ц помага во синтезата на структурните протеини, како што е колагенот. Соодветните нивоа во телото помагаат во одржувањето на интегритетот на крвните садови, кожата, внатрешните органи и коските. Редовното конзумирање храна богата со витамин Ц му помага на телото во заштитата од скорбут, но и во развивањето отпорност кон инфективните агенси (го подобрува имунитетот) и во собирањето на штетните, воспалителни, слободни радикали од крвта.
- Деловите од жалфијата, без разлика дали свежи или сушени, се богат извор на минерали, како што се: калиум, цинк, калциум, железо, манган, бакар и магнезиум. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот се користи во организмот како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас.
Здравствени придобивки од жалфија:
Избор и складирање:
Свежите листови се берат од градина, по потреба. Но, во продавниците барајте свежа кулинарска жалфија, која има или обични, тесни листови или широки листови без цветови, затоа што тие се најквалитетни и особено погодни за готвење. Свежите листови се најбарани за готвење, поради аромата и суптилниот вкус, кои се подобри отколку кај сушената жалфија.
Сушената или мелена жалфија може да биде достапна и во сите обични продавници. Доколку сте во можност, барајте автентични извори на органски одгледувана жалфија. Свежите листови кои се користат за маринирање треба да бидат полни со вкус и да немаат мувлија, омекнати делови или какви било други недостатоци.
Свежата жалфија складирајте ја во најлонски ќеси, во фрижидер. Сушената жалфија треба да се чува во херметички затворен сад и да се остави на студено, темно и суво место, каде што ќе остане свежа неколку месеци.
Употреба во кујната:
Листовите од жалфија, за кулинарски потреби, вообичаено се берат пред растението да расцвета. Отстранете ги жилавите стебленца и влакнестите делови пред да ги корситите за готвење. Измијте ги со студена вода, за да ги отстраните земјата и песокот. Внимателно исушете ги со бришење со мека ткаенина.
Жалфијата е честа состојка во грчката, италијанска и балканските кујни.
Совети за приготвување:
- Свежите листови се користат за полнење сезонски колбаси, пилешко месо и риба.
- Оваа билка исто така се користи во многу јадења од зеленчук, особено грав.
- Исто така, се користи како гарнир во растителни салати.
- Еден од најпознатите рецепти е печено свинско со печурки, жалфија, мајоран и целер.
- Есенцијалните масла добиени од жалфијата покажуваат активности на инхибиција на ензимот ацетилхолинестрас. Ова помага во зголемување на нивоата на ацителхолин во мозокот. Ацителхолинот ја подобрува концентрацијата и може да има улога во третманите за губиток на меморијата, кои се поврзани со болестите, како што е Алцхајмеровата болест.
- Маслото од жалфија, дестилирано од цветовите, содржи есенцијални масла, како што се: камфен, цинеол, борнеол, борнил ацетат и други. Овие соединенија имаат тонично, дијафоретско, стимулативно и астрингентно дејство.
- Маслото од жалфија исто така се користи надворешно, како супстанца за смирување на болката предизвикана од вкочанети мускули, ревматизам и невралгични состојби.
- Кога се користи како масло за масажа или за ароматерапија, маслото од жалфија може да помогне при сосотојбите на нервоза, анкциозност, главоболки, стрес и хроничен замор.
Медицинска употреба:
- Есенцијалните масла добиени од жалфијата покажуваат активности на инхибиција на ензимот ацетилхолинестрас. Ова помага во зголемување на нивоата на ацителхолин во мозокот. Ацителхолинот ја подобрува концентрацијата и може да има улога во третманите за губиток на меморијата, кои се поврзани со болестите, како што е Алцхајмеровата болест.
- Маслото од жалфија, дестилирано од цветовите, содржи есенцијални масла, како што се: камфен, цинеол, борнеол, борнил ацетат и други. Овие соединенија имаат тонично, дијафоретско, стимулативно и астрингентно дејство.
- Маслото од жалфија исто така се користи надворешно, како супстанца за смирување на болката предизвикана од вкочанети мускули, ревматизам и невралгични состојби.
- Кога се користи како масло за масажа или за ароматерапија, маслото од жалфија може да помогне при сосотојбите на нервоза, анкциозност, главоболки, стрес и хроничен замор.
Здравствено предупредување:
Кога се користи во големи количини, жалфијата може да предизвика нервна иритација, грчеви и смрт. Поради овие причини, употребата на жалфија им се забранува на луѓето кои страдаат од епилептични болести.
Билката не треба да се користи за време на бременост, затоа што хемиските состојки, како што е тујонот, може да доведе до стимулација на матката, што пак може да резултира со спонтан абортус.