Копанчиња со пипер, жалфија и рузмарин
Состојки
- 6 копанчиња
- 1/2 шоља зејтин
- 1 лимон
- 1 филџан бело вино,рузмарин,жалфија,сол,зачин и црвен пипер
Подготовка
Копанчињата ги миеме убаво и ги оставаме настрана. Во поголем сад ги мешаме зејтинот, виното, исцедениот лимон, исецкан рузмарин и жалфија. Копанчињата ги посолуваме, ставаме зачин и ги ставаме да постојат некое време во маринадата. Откако ќе впијат од маринадата ги ставаме во тава за печење и со рака ги посолуваме со црвен пипер.