Копани со похован карфиол
Во тава на оган ставете масло и кромидот исечен на тенки ленти. Ставете ги копаните , посипете ги со брашното, зачинете , налејте го виното и поклопете со капак д се динстат на тивок оган.
По потреба налевајте малку вода. Кога копаните се при крај готови и ке испари водата и виното оставете ги само на маслото да се подзапржат и прелијте ги со медот.
Подготовка на карфиолот
Главицата карфиол исечете ја на помали цветови и убаво измијте го, обарете го 5 мин во врела вода, да омекне.
Секое парче карфиол свалкајте го во брашно, потоа во мешавина од млеко и јајца зачинети со сол и бибер и на крај во презла.
Пржете ги во загреано масло, а потоа извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.
Лиценца: Сите права се задржани
A karfiolot ne go obaruvas pred pohovanje?