Испечати

Копани со похован карфиол

Копани со похован карфиол

Состојки

  • ЗА ПОДГОТОВКА НА КОПАНИ
  • 6 копани
  • 200мл. бело вино
  • 3лажици брашно
  • 1главица кромид
  • 2лажици мед
  • по потреба масло,сол, зачин од мешан зеленчук, црн бибер
  • ЗА ПОДГОТОВКА НА КАРФИОЛОТ
  • 1 мала главица карфиол
  • 2 јајца
  • 1чаша за ракија млеко
  • по потреба брашно и презла

Подготовка

Во тава на оган ставете масло и кромидот исечен на тенки ленти. Ставете ги копаните , посипете ги со брашното, зачинете , налејте го виното и поклопете со капак д се динстат на тивок оган.
По потреба налевајте малку вода. Кога копаните се при крај готови и ке испари водата и виното оставете ги само на маслото да се подзапржат и прелијте ги со медот.

Подготовка на карфиолот

Главицата карфиол исечете ја на помали цветови и убаво измијте го, обарете го 5 мин во врела вода, да омекне.
Секое парче карфиол свалкајте го во брашно, потоа во мешавина од млеко и јајца зачинети со сол и бибер и на крај во презла.
Пржете ги во загреано масло, а потоа извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.