Кончиглиони со спанаќ и мелено месо
Пoдготовка:
1. Во сад ги помешуваме мешаното мелено месо со ситно сецканата главица кромид. Додаваме свеж магдонос, нане, зачинуваме со црвен пипер и мешан зачин. Додаваме сол и црн бибер.
2. Спанаќот го сецкаме во сецко. Пола го ставаме во меленото месо, а пола го оставаме на страна. Замесуваме смеса како за плескавици.
3. Ги земаме кончиглионите и ги полниме со таа смеса. Ги редиме во тава која ја намастивме.
Откако ќе ја наполниме тавата, а гледаме да биде добро наполнета, ги пополнуваме малите празнини со останатиот спанаќ. Тавата ја прелеваме со жешка вода и печеме во претходно загреана рерна.
4. Штом се печени кончиглионите, ја вадиме тавата од рерна и наросуваме насекаде по површината рендана моцарела. Ја враќаме тавата во рерна само колку да се растопи моцарелата.
Служете топло.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Sakam da kazam za imeto na pastata deka pravilno e konkiljoni(skolki). Se nadevam ne mi zameruvas Nade.