Месото ситно се сечка, компирите се лупат и се сечкаат на коцки. Кромидот се дроби ситно (јас го блендирам). Во тенџерето се пропржува месото на маслото, се додава кромидот, се пропржува со кромидот се додаваат и компирите. Се пропржува, па се додава салцата, зачините, црвен пипер и ловоровите листови. Се налева со вода околу 250 милилитри и се остава да продинста 10 минути. Потоа се претура во земјена тава, се долева вода уште 1 чаша вода, се покрива со алуминиумска фолија и се пече во претходно добро загреана рерна на 200 степени околу 1 час. Се вади фолијата и се враќа во рерната уште 15 минути одприлика. Се сервира со лути кисели пиперчња. Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови