Испечати

Компир манџа во тава

Компир манџа во тава

Состојки

  • 400гр телеко месо без коска
  • 800гр компири
  • 50 мл масло за јадење,
  • 200 мл доматна салца( може од зимница)
  • 3 главици кромид

Подготовка

Месото ситно се сечка, компирите се лупат и се сечкаат на коцки. Кромидот се дроби ситно (јас го блендирам). Во тенџерето се пропржува месото на маслото, се додава кромидот, се пропржува со кромидот се додаваат и компирите. Се пропржува, па се додава салцата, зачините, црвен пипер и ловоровите листови. Се налева со вода околу 250 милилитри и се остава да продинста 10 минути. Потоа се претура во земјена тава, се долева вода уште 1 чаша вода, се покрива со алуминиумска фолија и се пече во претходно добро загреана рерна на 200 степени околу 1 час. Се вади фолијата и се враќа во рерната уште 15 минути одприлика. Се сервира со лути кисели пиперчња. Добар апетит