Превкусни, уникатни, крцкави и неверојатно вкусни, ќе се заљубите во овој начин на припрема на компирите. Наместо класичен помфрит, пробајте го овој начин, сигурно ќе ви се допадне.

Подготовка

Прво сварете ги компирите, па после варење, истурете ја целата вода и изгемечете ги убаво, може да користите и миксер.
Додадете ги останатите состојки и убаво измешајте ги сите состојки заедно.
Земете готварски шприц и истиот наполнете го со добиената смеса. Користете отвор на шприцот со дијаметар од околу 1,5 цм.
Потоа во загреано масло во тава, директно почнувајќи од средината внимателно оформете спирала. Мене ми береа 3 спирали во тавчето, а вкупно добив 8. Доколку кога ќе ставате од смесата во тавчето добиете некоја неправилна и лоша форма, веднаш извадете ја смесата со лажица и измешајте ја со другата смеса и почнете од ново. Пржете и од двете страни на посилна температура по неколку минути додека убаво не поруменат.
Вадете ги готовите спирали врз салвети за да се исцеди вишокот на масло.
На крај сервирајте ги спиралите и зачинете ги со зачини по ваша желба. Мојот избор беше риба и салата.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови