Комад со коприви и спанаќ
1. Од брашното, водата, квасецот и солта замесуваме тесто. Го обработуваме добро и го оставаме да одмори. Откако тестото ќе стаса го размесуваме и го делиме на топчиња.
2. Заборавив да напоменам дека додека стасува тестото јас го приготвував филот за комадот.
3. Во длабок сад на оган ги ставив ситно сецканиот праз и откако се пропржи го додадов спанаќот и копривите. Ги зачинив со мешан зачин и црвен пипер и ги полеав со вода. Ги оставив да прокрчкаат дваесетина минути. Кога водата беше испарена, а зелјето пропржено тавата ја иставив од оган.
4. На набрашнета маса растегнав кори од секое топче кое претходно го размесив. Потоа секоја кора со сукалка ја пренесував во намрсена тава.( Во мојот случај, кога ги расукував корите ги попрскував со брашно промешано со две лажици нишесте. Нишестето ми помогна за извлекување на корите).
5. Значи во тавата ги редиме кора врз кора и меѓу нив пропрскуваме со масло. Кога дојдовме до крајот ги земаме врвчињата на кората кои што излегуваа од тавата и ги превиткуваме навнатре во вид на венец. Оставаме уште неколку минути да стаса.
6. Во рерна која е загреана на 200 степени, го ставаме комадот да се пече. Кога гледаме дека заруменува ја вадиме тавата од рерна и во средината го ставаме претходно подготвениот фил од зелје, (спанаќ,коприви), повторно ја враќаме тавата во рерна и оставаме уште десетина минути. Комадот е готов. Земете си кисело млекце или сирење по желба и уживајте во вкусот на печивото. На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови