1. Јаболките се лупат и рендаат крупно. Јајца се матат со шеќерот. Се додаваат јогуртот и маслото. Смесата се мати убаво да се растопи шеќерот. Се додава брашното во кое претходно е измешан прашокот за пециво и циметот (по желба можете да додадете и малку кардамом во прав). На крај се додаваат оревите и јаболките.

2. Се прече во правоаголна тава, на хартија за печење, во загреана рерна на 180-200 степени околу 40 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови