Испечати

Колач со јаболки и ореви

Колач со јаболки и ореви

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 чаша (од 200 мл.) шеќер
  • 2 чаши брашно
  • 1/2 чаша масло
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • 1 чаша сецкани ореви
  • 3-4 рендани јаболки
  • 50 мл. јогурт

Подготовка

1. Јаболките се лупат и рендаат крупно. Јајца се матат со шеќерот. Се додаваат јогуртот и маслото. Смесата се мати убаво да се растопи шеќерот. Се додава брашното во кое претходно е измешан прашокот за пециво и циметот (по желба можете да додадете и малку кардамом во прав). На крај се додаваат оревите и јаболките.

2. Се прече во правоаголна тава, на хартија за печење, во загреана рерна на 180-200 степени околу 40 мин.