Колач со цвекло (посно)
Знам дека ви изгледа необичен колачов, ама кога може да се користат морковите во торти зошто да не пробаме и цвекло. Е па еве, јас пробав и да ви кажам и не е лош колачов, напротив, излезе дека е вкусен и доби позитивна критика.
Подготовка
Сите состојки се ставаат во сад и се мешаат со миксер, а може и со лажица. Се истура смесата во намрсено тавче бр. 24 или калап за векни и се пече на 180 степени околу еден час. Изладете го па подгответе го преливот.
Виното за прелив го ставаме на оган и го додаваме шеќерот промешуваме, тргаме на страна и веднаш го преливаме колачот.
Забелешка
Можеби ќе ви треба и помалку време за печење, зависи од рерната и во што ќе го печете. Мене ми требаше волку време, а најдобро е да пробате со чепкалка.
Кога ќе биде испечено тестото изладете го убаво пред сечење, затоа што има влажна структура. Сечете го со топол нож, за да не се искрши преливот.
Како замена за јајце користам мелено ленено семе измешано со вода и оставено така 10 минути. Инаку како замена за јајце може да користите и една испасирана банана. Чашата е од 200 мл.
Рецептот за преливот е превземен од Лиле и се наоѓа овде
Лиценца: Сите права се задржани