Еве еден рецепт за превкусен колач со кокос за кој искрено размислував дали и да го пробам поради жолчката во филот, некако ме бунеше, но ете се решив после долго мислење. Па еве како се подготвува.

1. Во еден сад скршете ги 2-те јајца, а едното јајце делете го така што жолчката оставете ја на страна, а белката додајте го во садот. Матете со миксер и постепено додавајте од шеќерот. Матете додека да се растоти шеќерот. Потоа додајте ја млаката вода, какакото и прашокот за пециво. На крај додајте го брашното. Сместата истурете ја во тркалезен калап бр 26 претходно премачкан со масло и посипен со брашно. Печете во претходно загреана рерна од 180С 15 до 20 минути. Откако ќе се испечи оставете да се олади.

2. Во тенџере на оган ставете го млекото додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Откако ќе почне да врие додајте го гризот. Варете на пониска температура 10 минути. Откако ќе се свари тргнете го тенџерето од оган и оставете да се олади.

3. Жолчката ставете ја во еден сад и додајте една лажица шеќер во прав. Варете ја на пареа 5 минути жолчката да побели. Маргаринот и преостанатиот шеќер во прав изматете ги со миксер во еден сад. Додајте ја оладената жолчка, па потоа додавајте од гризот постепено. Матете додека состојките да се соединат.

4. Филот од гризот истурете го над пандишпанот и распоредете го подеднакво насекаде.

5. Во тенџере на оган ставете ја слатката павлака, чоколадото и маслото, мешајте додека да почне да врие па тргнете го садот од оган. Смесата истурете ја над колачот. Оставете глазурата да стегне па пресечете го колачот и сервирајте. Добар Апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани