Колач со праски
Матете ги јајцата со шеќерот,додадете го маслото и брашното помешано со прашокот за печиво и какаото ( какаото можете да го замените со 50 гр. истопено чоколадо).
Печете на 180 степени во калап со 25см. дијаметар.
Сеуште топлиот колач прелијте го со малку густ сок од праска.
Кесичката желатин прелијте ја со 150 мл.ладна вода,оставете неколку минути и истопете на тивок оган.
Изматете ја слатката павлака,додадете го јогуртот и праските,предходно насечкани на ситни коцки или измиксани.Додадете и половина од желатин течноста па матете на кратко.Нанесете над оладениот бисквит.
Измиксајте 1 до 2 праски и помешајте со преостанатиот желатин.Сипете врз слатката павлака па оставете во фрижидер на половина до еден час.
Лиценца: Сите права се задржани