Лесна сочна торта со прекрасен микс на вкусови на чоколадо и портокал. Препорачливо е портокалите претходно убаво да ги измиете и да ги оставите да отстојат во вода со сода бикарбона.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 ° С. Покријте го дното на помала тава за печење со хартија за печење и подмачкајте ги страните со путер.
Ставете го исецканиот портокал (нелупен, заедно со кората) во блендер и добро измиксирајте го.
Потоа изматете ги шеќерот и јајцата во сад за мешање, додадете го блендираниот портокал, маслото и јогуртот и кратко измешајте
Потоа, додадете ги брашното и прашокот за пециво и трошка сол и измешајте со дрвена лажица додека не се комбинираат состојките.
Истурете ја оваа смеса во тавата за печење, израмнете и печете 35-40 минути на 180 ° Ц. (Времето зависи од рерната.)

Откако ќе се испече, оставете го да се олади, а вие припремете го сирупот, ставете ги да се варат водата и шеќерот 10тина минути, додадете ги тркалцата портокал и оставете да поварат заедно колку портокалот да го испушти сокот и потоа прелејте го колачот со сирупот.
Направете ја глазурата со загревање на хоплата и чоколадото до растопување и прелејте ја врз колачот. Декорирајте со кришките портокал.
На здравје

Напомена- можете колачот да го поделите на 2 дела по хоризонтала и да нанесите фил по желба и ќе добиете вкусна мала торта.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови