Во блендер ги ставаме овесните снегулки и блендираме додека станат како брашно.
Во овесните снегулки ги додаваме оревите, бананата, излупено јаболко, малините и водата и блендираме додека добиеме убава мазна смеса. При крајот ги додаваме прашокот за пециво и сода бикарбона и промешуваме убаво.
Во калап за тарт или во обично окугло тавче бр 20 ставаме харија и ја ставаме смесата..
Бананата и јаболкото ги лупиме ги сецкаме и ги полеваме со сокот од лимон а потоа ги редиме врз колачот и го ставаме да се пече во загреана рерна на 170 степени околу 40тина минути.
Печениот колач со посипуваме со малку шеќер во прав.
Во оригиналниот рецепт стоеше и 1 супена лажица мед меѓтоа јас не ставив бидејки ми е доволна блажината од самото овошје.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови