Колач со крем сирење
Лесна припрема
- На црешите извадете им семките, ставете да се цедат.
- Стопете го маргатинот или путерот и оставете да олади.
- Сите состојки ставете ги во садот во кој ќе работите, со миксер лесно измешајте или со жица, додадете исцедениот сок од црешите - (2 лажици)
- Во подмачкана модла бр.26 истурете ја смесата, наредете ги црешите, ставете да се пече на 180 степени околу 50 мин. Проверете со чачкалица дали е печено, ако не е продолжете уште 5 мин.
- Извадете од рерна, внимателно одкопчајте ја модлата, посипете со шеќер во прав додека е топол колачот.
Уживајте во овој кремаст колач.
Напомена
Колачот можете да го спремете со било кое овошје - праски, кајсии и др. Може да користите и овошје од компот кое претходно ќе го исцедите и ќе издвоите 2 лажици од сокот.
Лиценца: Сите права се задржани