10
јан
2021
Колач со банана и кокос
1. Најпрво ги пасираме бананите со вилушка. Потоа во нив ги додаваме јајцата, шеќерот и млекото и мешаме за да се соедини. После тоа ги додаваме прашокот за печиво и брашното- јас користев интегрално но секако можете да користите и бело брашно. Продолжуваме да мешаме. И на крај го додаваме кокосот и ренданото чоколадо.
2. Смесата ја ставаме во тава обложена со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени, 50 минути.
Колачот можете да го послужите со кафе, чај, сок или по ваш избор.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови