Колач со афион и фил
Колач кој припаѓа на оние супер брзи и вкусни колачи, се разбира на сите што се љубители на афионот.
Најпрво со миксер избијте ги јајцата заедно со шеќерот. Кога убаво ќе бидат избиени додадете ја водата и постојано матете со миксерот. Кога смесата ќе се дуплира додадете го маслото и уште кратко матете. Ислкучете го миксерот и ги додаваме сите состојки, но сега мешаме со дрвена лажица не со миксер.
На крај се додава ренданата кора од портокал и смесата ја истураме во намрсено тавче и печиме на 180 степени околу 25 минути (а можи и малку повеќе зависно од вашата рерна).
Додека се печи колачот го подготвуваме филот.
Во ладното млеко ги ставаме пудингот и нишестето и убаво ги мешаме со лажица за да нема грутчиња. Го ставаме садот на оган го додаваме шеќерот и вариме на тивок оган се додека не добиеме потребната густина постојано мешајќи.
Кога ќе се згусти го тргаме од оган и оставаме да се излади. Ладен го биеме со маргаринот.
Колачот го филоваме со готовиот фил ,ако саката и одозгора посипете малку афион.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови