Најпрво квасецот со млекото и малку шеќер оставете го да се активира.
Потоа со сите други состојки измесете тесто. Оставете го четириесетина минути да се дуплира.
Од тестото исучете правоаголна кора, отприлика 1 прст дебелина. Исечете ја на три ленти. На средината од секоја лента ставете од филот. Потоа од секоја лента соединете ги краевите со прсти и префрлете ги спирално на намачкана тепсија.
Помеѓу ставете ги сливите исечени на парчиња.
Тестото премачкајте го со јајце и попрскајте го со шеќер, ако имате темен, нерафиниран, уште подобро.
Приклучете ја релната на 180 и кога ќе се загрее, ставете го колачот да се пече триесетина минути.
За филот, зовријте го млекото и ставете го афионот и шеќерот да повари 5-6 мин. (ако имате мелен афион, нема потреба од варење, само замешајте го во врелото млеко) Потоа додајте го путерот, мелените бисквити и зачините и оставете го да се олади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови