Колач со ананас и банани
Јајцата се матат со шеќерот додека се направи густа пенаста маса. Се додава брашното, пецивото, гризот и какаото и се меша внимателно. Смесата се истура на хартија за печење во плех и се пече 15 минути на 180 степени. Откако ќе се олади се сече на два дела по колжина.
Фил
Се вари крем од пудингот. Во зовриеното млеко со шеќер се додава пудингот и се меша додека се згусне. Филот млак се нанесува врз корите и затоа не мора маргарин да се стави.
Се зема една кора се попрскува со сок од ананас, па се става половина од пудингот. Врз пудингот се ставаат бананите исечени на тркалца.
Врз нив се става втората кора па сок од ананас, фил и исечканиот ананас.
Одозгора може да се стави шлаг или рендана чоколада а и не мора.
Лесен, вкусен овошен колач.
Лиценца: Сите права се задржани