Колачот на Тито (Торта со чоколадо и ореви)
Титов колач или омилената торта на Тито, така раскажуваат социјалните мрежи =)
Го направив откако беше подготвен од мојата колешка Даниела Пачемска, која несебично го сподели со нас на една ФБ страна со прекрасни рецепти.
Дани ти благодарам што го сподели овој прекрасен „политички“ колач. Превкусен е! Многу ни се допадна!!
Знаел Тито што е убаво...хахахаха...
Подготовка на бисквитно тесто
1. Вариме јако кафе и го оставаме да излади.
2. Ја вклучуваме рерната на 180 степени.
3. Белките ги двоиме од жолчките. Половина од шеќерот го матиме со белки, половина со жолчките.
4. Белките прво ги матиме да побелат па го додаваме шеќерот и ванилата па треба да матиме додека смесата ни стане цврста и не паѓа од садот.
5. Жолчките ги матиме со шеќерот додека да се згуснат, до светло жолта боја.
6. Брашното, пецивото и мелените ореви ги соединуваме.
7. Во жолчките ги додаваме сувите состојки, изладеното кафе и маслото, соединуваме со миксер
8. Белките постепено ги додаваме кон смесата со жолчки и соединуваме со шпатиула. Внимаваме смесата да ни остане воздушеста.
9. На хартија за печење во калап со димензии 25х25 см, ја распоредуваме смесата за бисквитот и печеме околу 30 минути.
10. Го оставаме сосема да излади, го превртуваме, отстрануваме хартијата и така превртен го враќаме во калапот.
Подготовка на фил 1
1. Половина од млекото го ставаме да почне да врие.
2. Во другата половина соединуваме жолчките и брашното.
3. Ја истураме смесата во зовриеното млеко и интензивно мешаме до згуснување. Оставаме сосема да се излади.
Подготовка фил 2
1. Путерот го матиме со шеќер во прав.
2. Додаваме растопено чоколадо кое сме го подизладиле и ванила. Соединуваме со миксер.
Соединување на филови
1. Изладениот фил 1 го матиме со миксер и во него го додаваме постепено, лажица по лажица фил 2.
2 Оставаме да стегне кратко во фрижидер, па го распоредуваме врз бисквитното тесто.
3. Декорираме со чоколадо и ореви, оставаме да се стегне и уживаме во овој превкусен, кремаст колач.
Забелешка
Немав ванилин шеќер и ставив семе од стапче од ванила, замислете тоа имав дома, а ванилин шеќер немав =). Во рецептот се става маргарин, јас не го користам, така да ставив путер.
Во филот се додаваат и 3 лажици мелени ореви, ама јас не сакав да ги ставам, сакав екстра кремаст да ми биде филот.
За фил 2 ставив шеќер во прав, а не кристал шеќер како што пишуваше.
Горе-доле ова се забелешките околу рецептот кој вака е поставен на социјалните мрежи, а е подготвен од страна на повеќе домаќинки.
Лиценца: Сите права се задржани