Ха! Замислете, насловот е целиот рецепт!
Колачињава се прават за час, ги снемува уште побрзо, а потребни ви се само три намирници - банани, овес и мед. Плус, ова е одличен начин да ги потрошите „скапаните“ банани

Подготовка:

1. Пуштете ја рерната да се загрева на 180 степени. Испасирајте ги бананите без да претерувате – уште подобро ако останат грутчиња. Додајте 2 лажици мед и една шолја овесни снегулки.
2. Измешајте убаво да се соединат и со лажица ставете на плех прекриен со хартија за печење. Печете во загреана рерна околу 15-тина минути.
Толку!

Не очекувајте крцкави колачиња – надвор малку ќе бидат потпечени, но внатре се влажни и меки.
Зависно од големината на самите колачиња но и на бананите, од оваа доза излегуваат околу 6-8 колачиња. Затоа јас веднаш удвоив.

Не претерувајте со количината зашто најубави се кога се тазе и следниот ден, ако отстојат премногу веќе не е тоа тоа. А бидејќи се така лесни за правење може секогаш набрзина да си направите нова тура.

Слободно може да експериментирате и со парченца чоколадо, суви овошја, бадеми, лешници и слично...

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови