Подготовка
Путерот кој ни бил на собна температура и шеќерот во прав ги матиме до соединување и пенаста состојба. Ги додаваме мелените бисквити и неколку лажици сок од портокал. Соединуваме. Чоколадите ситно ги сечкаме па ги додаваме кон претходната смеса заедно со рум екстрактот. Формираме идентични бомбици кои ги сплескуваме и со прстите формираме облик на копчиња. Чоколадните капки ги ставаме со врвот кон колачето за да бидат рамни . Од оваа смеса излегуваат околу 20 колачиња.