Колачиња копчиња(без печење)
Состојки
- 85 гр путер
- 70 гр шеќер во прав
- 140 гр бисквити
- Сок од ¼ портокал
- 50 гр црно чоколадо
- 50 гр бело чоколадо
- 1 лажичка рум екстракт
- Чоколадни капки за украсување
Подготовка
Подготовка
Путерот кој ни бил на собна температура и шеќерот во прав ги матиме до соединување и пенаста состојба. Ги додаваме мелените бисквити и неколку лажици сок од портокал. Соединуваме. Чоколадите ситно ги сечкаме па ги додаваме кон претходната смеса заедно со рум екстрактот. Формираме идентични бомбици кои ги сплескуваме и со прстите формираме облик на копчиња. Чоколадните капки ги ставаме со врвот кон колачето за да бидат рамни . Од оваа смеса излегуваат околу 20 колачиња.