23
сеп
2014
Колаченца со печен лешник и чоколадо
Јајцата се матат со шеќерот и ванилите, се додава омекнатиот путер и се меша убаво. Потоа се додаваат брашното, сецканото чоколадо, сецканите печени лешници и пецивото. Се замесува мазно тесто кое се расукува на набрашнета површина со дебелина околу 5 мм. Од тестото со калапчиња или чашка се вадат колачиња, се редат во плех обложен со хартија. Се печат на 180-200 степени околу 15 тина минути, односно додека не заруменат.
Одлични колаченца кои долго стојат и се одлични со кафе, чај или млеко.
Јас секогаш си правм дупла доза, ги собирам во пластични кутии и си имам прилог за со кафенце.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови