Уште еден убав и здрав десерт во мојата ризница со рецепти. Топло ви го препорачувам. Се спрема брзо, не одзема многу време, а е превкусно.

Подготовка:

1. На дното на секоја чаша ставете од мешавината со овес и јаткасти плодови.
2. Во нутрибулетот ставете го кокосoвото млеко и изматете го добро. Користев од лименка, па затоа убаво го изматив да се спои течната со згустената маса. Во чашката од нутрито, каде стои млекото ,додадов чиа семе. Промешав подеднакво и течноста ја расподелив во сите чашки.
3. Оставив да се згусне околу 30минути, па врз таа смеса додадов изблендирани јагоди со малку вода. Откако отстои 1 час, имавме преубав здрав десерт. Пробајте, навистина е вкусно.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови