27
авг
2014
Кокос фантазија
Белките избијте ги во цврст снег и додајте го шеќерот. Матете додека се добие убава смеса и потоа додадете го брашното, пецивото и кокосот. Сместа печете ја на 180 степени околу 20 мин.во калап обложен со хартија. Пандиспањата кога ќе биди малку изладена се потура со сварениот и млак прелив.
За филот најпрво жолчките се бијат на пареа со миксер заедно со шеќерот. Кога ќе се стопи шеќерот го додаваме чоколадото и оставаме да се излади. Ладен го биема со маргаринот. Тортата ја филоваме и ја оставаме некое време за да прими од филот.
Украсете по желба!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови