Кокос-карамел ролат
Ставете ги на оган шеќерот, ванилите и водата да варат додека се стопи шеќерот.
Маргаринот измиксирајте го со шеќерот во прав и потоа во него вмешајте го кокосот. На крај, додадете го шеќерниот сируп и убаво измесете.
Можи да го оставите на ладење половина час или како мене веднаш да го расплескате врз пек-хартија и да го премачкате со кремот.
Доколку не најдите карамел крем, тогаш употребете друг, чоколаден крем-на пример Нутела или слично.
Врз кремот издробете од бисквитите (ако немате или не сакате-не мора) или пак бисквитите заменете ги со некои омилени суви колачи.
Со помош на хартијата, завиткајте ролат.
Оставете го на ладно во фрижидер или за побрзо во замрзнувач пред сечење.
Лиценца: Сите права се задржани