Кокос бомбици со ресана колачи
Ова е лесен и прелесн рецепт... а кога се јадат со право ќе си речете - овие се Лапни - Голтни
Лесно од состојките да сфатите дека колку грама од колачите ќе ставите, толку е потребно и павлака.
1. Исецкајте ги колачите.
2. Изматете ја павлаката
3. Измешајте ги исецканите ресани или јафа колачи во павлаката.
4. Во подлабок сад ставете кокос, со лажиче црпете од смесата и пропуштајте ги во кокосот, увалкајте ја бомбичката со вртење на садот, лесно потоа можете со рака да ја земете и дооформете, повторно увалкајте во кокосот и одложете. Постапете така со останатата смеса. Слатко киселкастиот вкус од самиот фил на ресаната ги прави бомбиците привлечни ...
Јас во овие сега ставив брусница... имаше малку, па да ја сместам некаде...
Уживајте - полесно од ова - Здравје! Нема....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
http://makstack.com/2012/04/23/ressana-cookies/