Кокосови тортици
Рецептот е од мојот најстар бележник за колачи. Ретко ги припремам затоа што бараат многу време за подготовка но се многу вкусни посебно доколку сте љубители на вкусот на кокос. Направив неколку измени од базичниот запис за кои ќе напоменам надолу во текстот.
1. Во подлабок сад се ставаат состојките за тестото(првата измена е во количината на шеќер која ја намалив на 200гр.), се замесува од нив компактна смеса која на почеток е сува и ронлива, потребно е подолго месење за да се изедначи(доколку сметате дека е премногу сува додавајте уште 2-3 лажици млеко, зависи од типот на брашно).
2. На работна површина се става тестото и се сука кора со сукалка која треба да е танка околу 5-6 мм. Земаме модла со форма на цветчиња и уште една со форма на круг(треба да е помала од цветната форма) се вадат форми од суканата кора по еднаков број на цветчиња и кругови.Се поставуваат на тава над хартија за печење и се печат на 150 степени (треба да останат бели и да не се препечат). Ги оставаме да се изладат- излегуваат околу 65 парчиња, споени во комплет цветче и круг.
3. Филот се подготвува од половина количина ладно млеко, помешано со брашното и ванила прашокот за пудинг. На оган во сад се става преостанатата количина млеко, ванилата, шеќерот. Во млекото кое стигнува до точка на вриење се додава претходно измешаната смеса од млеко и брашно со ванила пудинг и се вари крем. Сварениот крем се лади.
4. Настарана се мати маргаринот со шеќерот во прав и во ладниот крем се додава притоа постојано се мати со миксер.
5. На крај се подготвува глазурата- на тивок оган се топи чокладото со маргарин(користев млечно чоколадо) се трга да се излади, се додава јајцето и се мати со миксер 3-4 мин.(втората измена се однесува на овај дел после матењето го вратив на оган само за кратко да се прокрчка, се лади и пак се мати со миксер). Во шприц за колачи ставаме ванила фил, над секое цветче се става од филот,кој го нанесуваме во форма на помало цветче. Секоја форма со круг ја валкаме во чоколадната глазура од едната страна и ја поставуваме над филот така што цветчето ни е готово.
Се оставаат неколку саати на собна температура да омекнат, можат да стојат 2-3 дена во фрижидер без мрзнење.
Напомена,пред да се стават да се ладат во сад поставувајте ги по еден ред,над нив не се реди друг ред за да не се залепат едно со друго од глазурата. На почеток глазурата е мазна и леплина но кога ќе отстојат се заледува и таа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови