10
окт
2015
Кнедли салата
Кнедлите од тестенини се варат во посолена вода.
Кога се готови се цедат и се оставаат да изладат.
Пиперките се мијат и се цедат.
Се сецкаат на тркалца.
И тиквичката исто така се мие се цеди и не се лупи, туку се сецка на тркалца.
Се запржуваат во 3 лажици маслиново масло.
Се додаваат во изладените кнедлички.
На страна во друг сад се меша доматното пире, оцетот и лукот кој претходно го испасиравме и исчистивме.
Го додаваме маслиновото масло и зачинуваме.
Промешуваме добро и го додаваме и овој сос во смесата.
Декорираме со листови од босилек.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови