4
мар
2020
Клуб сендвичи од рерна
Парчињата леб се попрскуваат со млеко и се ставаат на плех. Врз нив се става крем сирење или ајвар. Потоа преку нив се реди куленот и кашкавалот.
На другите парчиња се реди наизменично топено сирење, кулен,ајвар...(значи по ваш избор).
Се печат во загреана рерна на 200С-15мин. Потоа се отвараат сендвичите и се става марула и се сечи накосо-дијагонално и се редат по 3 парчиња едно врз друго. Се прицврстуваат со дрвено декоративно стапче. Се сервира со помфрит и маслинки.На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани