Киш со домати
Овој рецепт е само за љубителите на КИШ - но и за радозналите, има можности да им се допадне.
1. Во сад ставете го брашното, солта и додадете го маргаринот, со лажица разбркајте го добро за да добиете ронливо тесто. Веднаш додадете ја ладната вода и со лажица бркајте да го соберете тестото во топка. Не се меси. Одложете го вака добиеното тесто во фрижидер да стои 1 час.
2. Расукајте го тестото тенко од 3-5 мм. подигнете го со набрашнета оклагија и поставете на неподмачкана модла во големина од 24 см. Избоцкајтге го со вилушка за да не ви се подигне тестото додека се печи - да остане рамно.
3. Намачкајте ја кората со сос од домати или кечап, посипете со малку оригано.
4. Доматите исечети ги на кругови и наредете ги врз кората, посипете со оригано и врз нив посипете го ренданото сирење.
5. Со миксер изработете ги јајцата со малку сол, додадете млекото- уште малку измешајте и излијте врз сирењето.
6. Ставете да се пече во предходно загреана рерна на 200 степени околу 40 мин.
Јас вакви нешта обожавам.
Се служи со јогурт.
ОВА Е ОРИГИНАЛНИОТ РЕЦЕПТ.
Како денес јас го испревртев рецептот се гледа и од самите слики кои се прилог кон рецептот. Имено, бидејки имав сосема мали доматчиња - не се Шери, одлучив да не ги сечам, па поради тоа сирењето неможеше да се задржи врз нив- не мислев многу туку едноставно реднадното сирење го посипав врз сосот од домати, ги наредив доматчињата, залив со смесата од јајцата и правец - рерна, а потоа - се знае... ручкање и уживање во вкусовите.
Тестото го ставив во фрижидер за длабоко замрзнување и го чекав само 15 мин. (финта)
Дозволува рецептот да ставите мешавина од рендано сирење и кашкавал, многупати сум додавала и сецкани маслинки....
Се надевам или пак посакувам некој да се впушти во оваа авантура и нека си ја задоволи радозналоста, а јас ви посакувам Бон Апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани