Подготовка
1. Измиена и на парчиња одделена брокулата ставете ја во модлата која сте ја обложиле со хартија за печење.
2. Изматете ги јајцата заедно со млекото и павлаката, додајте брашното, солта, кашкавалот кој е сецкан на коцки (не смета и да е рендан) додајте солта и брашното. Измешајте, ќе добиете ретка смеса слична на палачинките, прелијте преку брокулата. Ставете да печете во предходно загреана рерна од почетокот на 200 степени после 10 минути за кое време и фатило тенка коричка посипете со малку пињоли или кикирики, вратете назад во рерната, намалете ја температурата и продолжете да печете уште 10 -15 минути. (тоа зависи од самата рерна)
Послужете со кисело млеко или павлака.

Совет
Овој вид на Киш го спремам со оној меџик миксер од 750 мл. за разлика од малиот, во овој миксер прво се ставаат цврстите состојки, а потоа течните. Се затвара со капакот, се обрка наопачки и се разбиваат состојките силно движејки го во правец горе-доле.
Доколку немате ваков миксер,  не е проблем, прво ќе ги разбиете течните состојки со миксер, а потоа додавајте ги цврстите.
Оваа количина је печам во модла долга 24 см. а широка 12 см.
Доколку имав доволно кашкавал, овој КИШ ќе изгледаше повеке шупликав, колку имав толку ставив и сепак задоволни.
Кога ќе ставате сол сами одредете, ако не е многу солен кашкавалот, додадете уште малку сол.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани