15
мар
2019
Кифлички со еурокрем
Квасецот ставете го во топлото млеко да нарасне, потоа додадете го јогуртот шеќерот, јајцето, растопениот маргарин и сол и полека додавајте брашно.
Замесете средно тесто и оставете да нарасне.
Кога тестото е нараснато ставете го на набрашнета подлога и развлечете кора со дебелина од околку 0.5 см.
Исечете го на парчиња и на секое парче ставете малку еурокрем и завиткајте во кифличка.
Пред печење премачкајти ги со малку масло.
Печете на 200 степени додека поруменат, а потоа наросете ги со шеќер во прав.
На здравје !!