Одличен рецепт, кој нам ни е омилен. Може да се спреми како зимница, иако модрите патлиџани ги има постојано, па можете да ги направите и секојдневно.

Подготовка:

1. Ги измив добро патлиџаните и ги исеков на кругови дебели по еден сантим. Во тава за печење, ставив хартија, па ги наредив еден до друг како на сликата. Ги посолив и попрскав со зејтин.
2. Рерната ја уклучив и печев да омекнат патлиџаните, некаде околу 20 минути. Печените тркалца ги собирав дирекно во тенџере со капак. Печените готови патлиџани, ги попрскав со оцет и додадов масло.
Посолив по вкус, а потоа го додадов ситно сецканиот лук и магдоносот, кој претходно го измив, исушив и исецкав на ситно.
3. Промешав, пробав како е на вкус. Ако сте задоволни со солта и киселкото, полнете ги теглите. Притиснете убаво, ако не ви достаса течност, дополнете со масло. Ако ги чувате како зимница, зовријте ги еднашт еглите, а ако ги користите веднаш, напијте се една ракија со нив, прекрасни се.

На здравје да ви се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови