Штангли кои пленат со својот вкус и изглед.
Пробајте ги

Во вангличка ги ставме сите состојки за тестото.
Замесуваме мазно, нелепливо тесто, кое го завиткуваме во проѕирна фолија и го оставаме во фрижидер додека го подготвуваме филот.
Во касерола ставаме слатка павлака, шеќер, мед, путер и сол.
Оставаме на тивок оган да се соединат.
Го додаваме и сецканиот орев и убаво соединуваме.
Тестото го развлекуваме во правоаголна тава.
Го премачкуваме со мармалад од кајсии.
Врз него го нанесуваме веќе подизладениот фил.
Израмнуваме.
Плехот го ставаме во загреана рерна на 180 с и печиме околу 25 минути, односно додека краевите не заруменат.
Го оставаме плехот потполно да се олади колачот.
Сечеме на штангли.
Попрскуваме со растопено црно чоколадо.