Подготовка:

1. Доматот го сечиме на кругови. Пиперката ситно ја сецкаме.
2. Во загреано тавче на оган го ставаме путерот. Ги ставаме круговите домат и сецканата пиперка. Кратко пржиме, ги превртуваме доматите. Јајцата ги матиме со жица за матење. Ги додаваме во тавчето. Врз јајцата ја ставаме тортиљата, со рака притискаме. Превртуваме. Врз кајганата го ставаме кашкавалот. Преклопуваме на половина. Послужуваме.

На здравје. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани