Ручек кој редовно се подготвува во нашето семејство се подготвува барем еднаш неделно најчесто во зимскиот период.
Подготовка.
1. Во длабоко тенџере ја сипуваме водата која треба да врие во нејзе додаваме малку сол. Откако ќе зоврие го сипуваме пченкарното брашно на средина на тенџерето и со дрвена лажица или сукало на брашното на средина му правиме дупка.
Температурата ја намалуваме и оставаме околу еден час да се вари на тивко.
2. Кога половина течност ќе ни изврие од тенџерето качамакот го тргаме на страна.Половина вода ја сипуваме во посебен сад и полека со дрвена лажица или сукало почнуваме со матење на качамакот.Останатата течност ја додаваме пополека и непрестано мешаме додека не се разбие и последната грутка на брашното.
3.Во тава за пржење ја ставаме сецканата димена панцета и пржиме со малку масло. Со врелето масло ја премачкуваме тавата и со истата лажица вадиме од качамакот и редиме во тавата. Целиот качамак го париме со маслото од пржената панцета притискајќи со лажицата. На средина ја ставаме панцетата и сервираме.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани