Од рубриката „Есенски задоволства“, прекрасно лате кафе со арома на тиква и медењаци - совршен вкус. Од оваа количина се добиваат 2 шолички кафе. Споделете ја едната шола со сакана личност.

Подготовка

Прво во топло млеко или вода, растворете го кафето.
Потоа кафето заедно со тиквата изблендирајте ги во блендер.
Префрлете ја смесата во ѓезве и додадете го млекото и шеќерот, ставете да се загрее убаво до згуснување, не да вари, па на крај додадете го зачинот и екстрактот од ванила, промешајте и истурете го кафето во соодветни огноотпорни шоли. Одозгора декокирајте со шлаг или млеко пена и со малку цимет.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови