Кафе лате со тиква и зачин за медењаци
Состојки
- 2 полни лажици пире од тиква (по можност печена тиква)
- 300 мл млеко
- 2 лажички кафеав шеќер
- 100 мл припремено нескафе со 2 лажички инстант кафе
- половина лажиче зачин за медењаци
- прстофат цимет
- 1 лажичка ванилин екстракт
- шлаг или млеко пена заза декорирање
Подготовка
Од рубриката „Есенски задоволства“, прекрасно лате кафе со арома на тиква и медењаци - совршен вкус. Од оваа количина се добиваат 2 шолички кафе. Споделете ја едната шола со сакана личност.
Подготовка
Прво во топло млеко или вода, растворете го кафето.
Потоа кафето заедно со тиквата изблендирајте ги во блендер.
Префрлете ја смесата во ѓезве и додадете го млекото и шеќерот, ставете да се загрее убаво до згуснување, не да вари, па на крај додадете го зачинот и екстрактот од ванила, промешајте и истурете го кафето во соодветни огноотпорни шоли. Одозгора декокирајте со шлаг или млеко пена и со малку цимет.
На здравје