Како што можете да забележите од состојките ова е еден баш сладок колач кој изобилува со вкус на кафе. Од количината која излегува ако се сечат мали коцки излегуваат голем број на колачи, а бидејќи е сладок ви препорачувам така и да го сечете. Се разбира секој со својот вкус за благо. Бидејќи има кафе во него не го препорачувам за мали дечиња.

Подготовка

1. Вклучете ја рерната на 180 степени.

2. Еден лист обланда ставете во тавче, ако е потребно сецнете ја од страните за да биде во големина на тавчето.

3. Одвојте ги белките од жолчките од 3 јајца. Почнете да ги матите белките, нека побелат па додадете половина од шеќерот (125 гр).

4. Откако ќе се зацврстат матените белки додадете ги жолчките една по една. На крајот додадете ½ лажица кафе и мелените јаткасти плодови. Соединете со шпатула или на најбавната брзина на миксерот.

5. Распоредете ја смесата на листот обланда и печете околу 10-15 минути. После печење оставете да се лади. Истата постапка ја повторуваме со смесата за вториот лист обланда.

6. За филот во 100 мл млеко го соединуваме густинот, половина од шеќерот, јајцата и кафето. Остатокот од млекото со остатокот од шеќер го ставаме да се загрее до вриење. Ја ставаме смесата со густин и интензивно мешаме, ама температурата на ринглата малку ја намалуваме. Вариме додека смесата се згусне и постојано мешаме со рачна маталка за да не ни се направат грутчиња.

7. Потоа го ладиме и откако ќе се излади варениот дел од филот, го спојуваме со изматениот путер (кој ни бил на собна температура).

8. На даска или на тацна ја ставаме првата кора бисквит-обланда, па половина од филот, па втората кора бисквитна обланда, и на крај втората половина од филот. Оставаме да се соединат вкусовите, да омекнат и убаво да се сечат коцки, па декорираме со кршени лешници, или чоколадо. Сервираме и уживаме во вкусот!

Забелешка
Листовите обланди можете да ги печете и на превртено тавче, ама во тој случај кога ќе ја распоредувате смесата внимавајте да не ви се слее од страните при печење. Можете да ставите и други јаткасти плодови или пак само бадеми или само лешници…ореви…по желба. Времетраењето на печењето зависи од рерната.