- На тивок оган ставете 125 мл. од слатката павлака, додадете го во неа путерот, шеќерот и инстант кафето внимавајки да не зоврие. Само дозволете да се стопи путерот и шеќерот, соединете заедно со кафето. Тргнете на страна и веднаш во така врелата смеса додадете го чоколадото кое сте го исецкале на поситни парчиња за да полесно се стопи. Постојано мешајте ја смесата и кога е стопено чоколадото додадете ги ликерот или сокот од портокалот. Оставете да се олади (околу 30-40 мин).
- Остатокот од павлаката изматете со миксерот со највисоката брзина. Во неа додадете ја претходно приготвената чоколадна смеса, лесно промешајте и ставете во фрижидер до потполно оладување. Пред филувањето на корите можете повторно сосема кратко да ја измиксате.
- Поделете го филот на три еднакви дела, потоа премачкајте ја првата кора - врз филот втората кора - завршувајки со фил најодозгора. Декорацијата по ваша желба.
Напомена
- Корите доколку сакате можете втората и третата кора да ги сосема малку попрскате со со кафе, а првата кора ако имате мармалад од портокал да ја премачкате со него.